МИСЛАМ ДЕКА ОВА БЕШЕ ЗБОГУМ – ЕДЕН АЗАР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ТРАНСФЕР ВО РЕАЛ МАДРИД

    МИСЛАМ ДЕКА ОВА БЕШЕ ЗБОГУМ – ЕДЕН АЗАР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ТРАНСФЕР ВО РЕАЛ МАДРИДАзар призна дека му е време за нов предизвик

    Еден Азар навести дека го одиграл последниот натпревар за Челзи, откако го предводеше до вториот триумф во Лига Европа, постигнувајќи два гола во победата над Арсенал од 4:1 во финалето во Баку. Најдобриот белгиски фудбалер се поврзува со трансфер во Реал Мадрид и вели дека ја „чека одлуката на двата клуба“.

    „Мислам дека ова беше збогум, но во фудбалот никогаш не се знае“, изјави Азар.

    Слично размислува и тренерот Маурицио Сари.

    „Знам дека сака да си замине и јас ја почитувам неговата одлука. Тој е прекрасен играч и човек. Тој е чудно момче, но кога ќе го запознаете подобро, а мене ми треба неколку месеци, сфаќате дека е извонреден“, кажа Сари, кој, пак, се најавува како нов тренер на Јувентус.

    Азар одигра 352 натпревари и постигна 110 голови за „сините“ откако дојде од Лил во 2012 година.

    „Ќе решам за неколку дена, но мислам дека е време за нов предизвик“, кажа Азар.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира