МО САЛАХ СТАНА СИМБОЛ НА ЕГИПЕТ КАКО ПИРАМИДИТЕ И СФИНГА

    МО САЛАХ СТАНА СИМБОЛ НА ЕГИПЕТ КАКО ПИРАМИДИТЕ И СФИНГАВеќе не постои суперлатив или прекар што не му е припишан на Мохамед Салах оваа сезона (Фото: Гети)

    Откако дојде во Ливерпул минатото лето за 49 милиони долари, Мохамед Салах постигна 43 гола и му помогна на клубот да се пласира во првото финале на Лигата на шампионите по повеќе од десет години. Тој, исто така, го одведе Египет на првото светско првенство по 30 години пауза.

    Кога игра Ливерпул, можете да чуете викање од секоја куќа во Египет. Тоа е божјата љубов кон Салах и влијанието на нашите молитви за него, кој направил толку многу за сите нас“, вели Амди Нор.

    Нор му бил тренер на Салах во неговите развојни години и би можел да зборува за него цел ден. Исто како и повеќето Египќани.

    Египќаните велат дека Мо Салах ја направил нивната земја горда и среќна (Фото: Си-Ен-Ен)

    Веќе нема суперлатив со кој не е опишан 25-годишниот Салах. Оваа сезона, тој се става во иста реченица со Лео Меси и Кристијано Роналдо, што одамна не му успеало на еден фудбалер.

    Салах го ословува Нор како „втор татко“, бидејќи како 12-годишник го извел на вистински пат од малото село Нагриг во делтата на Нил. Нор се потсетува како малиот Салах дневно патувал од осум до десет часа, понекогаш менувајќи и пет автобуси, за да тренира во клубот Ел Мокавлон во Наср Сити.

    Освен фудбалски терен, Салах во своето родно село изградил и болница и училиште (Фото: Си-Ен-Ен)

    Мохамед е различен од останатите египетски професионални фудбалери. Тој на време го сфатил својот пат и на возраст од 12 години присвоил професионален начин на работа. Тоа значи дека цело време се стремел кон напредување. Сите тренери кои работеле со него велат дека тој секогаш бил учтив, вреден, морален и религиозен. Сето тоа му помогна да биде таму кадешто е сега“, смета Нор.

    Салах редовно доаѓа во своето родно село, се дружи со семејството и пријателите и таму изгради нови фудбалски терен, болница и училиште.

    Тој ја направи нашата земја горда и среќна. Поради Салах, луѓе низ цел свет сега поинаку гледаат на Египет. Тој е феномен, симбол на земјата како пирамидите или Сфинга. Тој е пример за многу млади, на кои им дава голема мотивација“, вели локалниот жител Абдул Рахман.

    Нор не е љубител на прекари, но за Салах има еден.

    Тој не е крал или фараон, тој е ангел, Ангел на Нилот. Сакам да го викам така“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира