МОК ЌЕ ГО НАГРАДИ ОЛИМПИСКИОТ ВИЦЕПРВАК ГЕОРГИЕВСКИ СО 10.000 ЕВРА И МЕСЕЧНА СТИПЕНДИЈА ОД 1.000 ДОЛАРИ

    МОК ЌЕ ГО НАГРАДИ ОЛИМПИСКИОТ ВИЦЕПРВАК ГЕОРГИЕВСКИ СО 10.000 ЕВРА И МЕСЕЧНА СТИПЕНДИЈА ОД 1.000 ДОЛАРИСреброто на Георгиевски е првиот олимписки медал за Македонија по 21 година пауза (Фото: МОК)

    Македонскиот олимписки комитет ќе го награди олимпискиот вицепрвак во теквондо, Дејан Георгиевски, со 10.000 евра и со месечна стипендија во износ од 1.000 долари. Од МОК кажаа дека тоа е максималната предвидена стипендија и ќе му се исплатува до следните Олимписки игри во Париз во 2024 година.

    Владата претходно соопшти дека ќе го награди 22-годишниот Георгиевски со 20.000 евра, а неговите тренери Дарко и Борче Костовски со по 10.000 евра. Двајцата вчера преку Фејсбук објавија дека се откажуваат од својот дел од премијата, сметајќи дека сите пари треба да ги добие Георгиевски.

    Дополнително, Град Скопје денеска соопшти дека на иницијатива на градоначалникот Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на Георгиевски. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје.

    Младиот теквондист на ТК Бутел завчера во Токио беше поразен од Русинот Владислав Ларин во финалето на категоријата до 80 килограми и неговото сребро е првиот олимписки медал за Македонија по 21 година пауза. Георгиевски веќе е пристигна во Скопје, а свечен пречек е најавен на плоштадот Македонија од 19:30 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира