МОНИКА СТЕФАНОВСКА ДЕВЕТТА НА ПРВИОТ ТУРНИР ОД КАРАТЕ ПРЕМИЕРЛИГАТА ВО ПАРИЗ

    МОНИКА СТЕФАНОВСКА ДЕВЕТТА НА ПРВИОТ ТУРНИР ОД КАРАТЕ ПРЕМИЕРЛИГАТА ВО ПАРИЗДојде во можност да се бори и за бронза. - Моника Стефановска

    Моника Стефановска го оствари најдобриот резултат меѓу македонските каратисти кои настапија на првиот турнир од светската Премиерлига, што се одржа во Париз.

    Стефановска, која се натпреварува во категоријата до 68 килограми, стигна до третото коло, каде што беше поразена од Французинката Ализе Агиер со 0:4, но бидејќи таа влезе во финалето, тоа ѝ отвори можност на каратистката на Макпетрол да се бори за бронза преку репасажот.

    Сепак, Стефановска загуби од Норвежанката Хилтон со 0:2 и на крајот го зазеде деветтото место.

    Македонија беше претставена со 15 каратисти во Париз, но само Стефановска стигна вака далеку.

    „На овој турнир ние заминавме со четири каратистки кои се рангирани во првите 50 во своите тежински категории. Ова е само почеток на сезоната, но важно е да се собираат бодови за настап на Олимписките игри во 2020. Забележавме дека сите држави направиле многу сериозен и професионален пристап и комплетна мобилизација на своите потенцијали. Втората контрола ќе ја имаме на 7 февруари во Гвадалахара, Мексико“, вели тренерот на КК Макпетрол, Бошко Заборски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира