НА ФУДБАЛЕРИТЕ ШТО ЌЕ ИГРААТ ВО НОВАТА СУПЕРЛИГА ЌЕ ИМ ЗАБРАНИМЕ НАСТАП НА ЕВРОПСКИ И СВЕТСКИ ПРВЕНСТВА, ОБЈАВИ УЕФА

    НА ФУДБАЛЕРИТЕ ШТО ЌЕ ИГРААТ ВО НОВАТА СУПЕРЛИГА ЌЕ ИМ ЗАБРАНИМЕ НАСТАП НА ЕВРОПСКИ И СВЕТСКИ ПРВЕНСТВА, ОБЈАВИ УЕФАПретседателот на УЕФА Александер Чеферин вели дека новата лига е срамен, себичен план воден од алчност (Фото: Гети)

    Фудбалерите кои ќе играат во новата Европска Суперлига (ЕСЛ) нема да имаат право да играат на европски и светски првенства, објави претседателот на УЕФА Александер Чеферин по вонредниот состанок на Извршниот одбор.

    Ова следува откако 12 европски гиганти од Англија, Италија и Шпанија објавија дека договориле формирање на ново клупско натпреварување, кое ќе биде директна конкуренција на Лигата на шампионите и може да предизвика вистински раскол во светот на фудбалот. УЕФА, ФИФА, Европската асоцијација на клубови, навивачките здруженија и националните лиги на кои им припаѓаат одметнатите клубови се спротивставија на проектот, во кој тие би делеле четири милијарди евра.

    „Европската Суперлига е срамен, себичен план, со кој им се плука во лицето на сите љубители на фудбалот. Не можам да нагласам повеќе колку сме обединети против овој план, кој е воден само од алчност. Тоа е циничен план, целосно спротивен на она што треба да биде фудбалот. На играчите кои ќе играат за клубовите во таа затворена лига ќе им биде забрането да играат на светските и европските првенства“, изјави Чеферин.

    Основачи на лигата се Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Милан, Интер, Јувентус, Реал Мадрид, Барселона и Атлетико и тие денеска излегоа од Европската асоцијација на клубови, а бројот на учесниците треба да биде проширен на 20. Германската Бундеслига соопшти дека нема да биде дел од неа.

    ЕСЛ треба да се игра среде недела и најавено е дека ќе почне што е можно побрзо. И ФИФА кажа дека нема да го признае ова натпреварување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира