НА МЕЈВЕДЕР НЕ МУ ДОЗВОЛИЛЕ ДА СЕ ОБЛОЖИ НА СЕБЕСИ ПРОТИВ МЕКРЕГОР

    НА МЕЈВЕДЕР НЕ МУ ДОЗВОЛИЛЕ ДА СЕ ОБЛОЖИ НА СЕБЕСИ ПРОТИВ МЕКРЕГОРМејведер ќе заработи 100, а Мекрегор 40 милиони долари од ревијалната борба на векот (Фото: Ју-Ес-Еј тудеј)

    Флојд Мејведер се обидел да се обложи на себеси во пресрет на уште една своја борба на векот, но не му било дозволено.

    Американскиот боксер го победи УФЦ-првакот Конор Мекгрегор со технички нокаут во десеттата рунда и за 50. победа во кариерата ќе инкасира неверојатни 100 милиони долари, но тоа како да не му било доволно.

    Како што објави “ЕСПН“, Мејведер сакал да вложи 400.000 долари на своја победа против Ирецот, па иако тоа не е противзаконски во Невада, во обложувалница во Лас Вегас не му го прифатиле облогот.

    “Бидејќи не ми дозволија самиот да се обложувам, му дадов на мој човек 100.000 долари. Облогот беше дека ќе победам пред десеттата рунда“, изјави Мејведер.

    Мејведер и Мекрегор не се бореа за титула, туку за пари и за спектакл. Американецот заминува во пензија како непоразен по 50 меча, додека Мекрегор ќе заработи 40 милиони долари за своето деби во професионален бокс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира