НА ОЛИМПИЈАДАТА ЌЕ ИМА МЕСТО САМО ЗА НЕНАСИЛНИ ВИДЕОИГРИ

    НА ОЛИМПИЈАДАТА ЌЕ ИМА МЕСТО САМО ЗА НЕНАСИЛНИ ВИДЕОИГРИЕспортот лесно полни стадиони, но предвид може да се земе само виртуелно играње фудбал и кошарка (Фото: ЕСЛ)

    Меѓународниот олимписки комитет (ИОЦ) не ја отфрла можноста за вклучување на еспортот во програмата на Олимписките игри 2024 во Париз, но притоа би биле земени предвид само ненасилни видеоигри.

    Ова е уште еден обид на ИОЦ за привлекување на помладата публика, откако беше потврдено дека на следните Игри во Токио ќе дебитираат скејтбординг, слободно качување и сурфање. Сепак, како што вели претседателот на ИОЦ, Томас Бах, еспортот е успешна индустрија и лесно полни стадиони, но се уште не е организациски развиен.

    “Ние промовираме мир, ненасилство и недискриминација, што не се совпаѓа со видео-игрите во коишто има пукање, експлозии и убивање и тука мора да подвлечеме јасна линија. Сепак, тоа не значи дека целосно се откажуваме од еспортот. Она што нам ни е интересно е виртуелното играње традиционални спортови, како фудбал и кошарка“, изјави Бах во интервјуто за кинескиот весник “Саут Чајна морнинг пост“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира