НАДАЛ И ФЕДЕРЕР ЌЕ ИГРААТ ВО ГРЕНД СЛЕМ ФИНАЛЕ ПО 6 ГОДИНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Мелбурн,(агенции)

    НАДАЛ И ФЕДЕРЕР ЌЕ ИГРААТ ВО ГРЕНД СЛЕМ ФИНАЛЕ ПО 6 ГОДИНИ

    Старите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе играат во финалето на Австралијан опен в недела во Мелбурн, што ќе биде нивно прво финале на гренд слем од 2011 година, кога шпанскиот тенисер го освои Ролан Гарос.

    Надал денеска го победи Бугарот Григор Димитров со 6:3, 5:7, 7:6, 6:7, 6:4  по речиси пет часа игра во второто полуфинале. Вчера, Швајцарецот се пласираше во финалето, совладувајќи го сонародникот Стан Вавринка.

    За Надап (30), ова ќе биде прво гренд слем финале, откако ја освои 14. титула на Ролан Гарос во 2014 година. Федерер (35), пак, се надева да го освои 18. трофеј на гренд слем турнирите. Ова, исто така, ќе биде нивна деветта пресметка во финале на гренд слем.

    Првиот носител Енди Мари беше елиминиран во осминафиналето, додека вториот носител Новак Ѓоковиќ испадна уште во второто коло.

    Во женското финале, утре играат сестрите Серена и Венус Вилијамс.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира