НАДАЛ ГО СОВЛАДА „УЧЕНИКОТ“ КАСПЕР РУД ЗА 14. ТИТУЛА НА РОЛАН ГАРОС

    НАДАЛ ГО СОВЛАДА „УЧЕНИКОТ“ КАСПЕР РУД ЗА 14. ТИТУЛА НА РОЛАН ГАРОСНадал го зголеми својот рекорд на 22 освоени гренд слем титули (Фото: АП)

    Рафаел Надал го освои Ролан Гарос по 14. пат откако во финалето го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 6:3, 6:3, 6:0. Шпанецот со тоа го подобри сопствениот рекорд на 22 освоени гренд слем титули и сега ги има две повеќе од Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ.

    Два дена откако наполни 36 години, Надал ја забележа 112. победа на Ролан Гарос во 115 одиграни меча. Тој притоа стана најстариот шампион во историјата на парискиот турнир.

    Ова беше прво гренд слем финале во кариерата на 23-годишниот Руд, кој е своевиден ученик на Надал, имајќи предвид дека од 2018 тренираше во неговата академија на Мајорка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира