НАДАЛ ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА КАКО ВТОРИОТ НАЈУСПЕШЕН ТЕНИСЕР НА СИТЕ ВРЕМИЊА

    НАДАЛ ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА КАКО ВТОРИОТ НАЈУСПЕШЕН ТЕНИСЕР НА СИТЕ ВРЕМИЊАНадал претходно најави дека на Дејвис купот во Малага ќе ги одигра своите последни мечеви (Фото: АП)

    Богатата кариера на Рафаел Надал заврши синоќа откако Шпанија изгуби од Холандија во Дејвид купот во Малага.

    Шпанецот претходно најави дека на овој настан ќе ги одигра своите последни мечеви и откако тој беше поразен од Ботик фан де Зандсхлуп со 6:4, 6:4, Шпанија потоа беше елиминирана од Холандија со вкупни 2:1.

    Во овие 20 години професионална кариера вие бевте тие кои ме носевте низ добрите времиња, а во лошите времиња ме туркавте да продолжам. Вистината е дека никогаш не сакате да стигнете до оваа точка. Не сум уморен од играњето тенис, но моето тело веќе не сака да играм и мора да го прифатам тоа. Се чувствувам суперпривилегирано што успеав моето хоби да го претворам во мојата професија“, изјави 38-годишниот Надал, чие име беше извикувано од над 11.000 гледачи на трибините.

    Во публиката беа и најблиските на Надал: сопругата Мери, синот Рафаел, родителите Марија и Себастијан и сестрата Марибел.

    Надал се повлече како вториот најуспешен играч во машкиот тенис, зад Новак Ѓоковиќ. Во кариерата долга 23 години освои 92 АТП-титули, од кои 22 на гренд слем и 36 на мастерс турнирите и помина 209 недели како светски рекет број еден. Освои олимписко злато во 2008 и 2016 и четирипати славеше во Дејвис купот со Шпанија.

    Она во што веројатно ќе остане недостижен е доминацијата на Ролан Гарос, каде што освои рекордни 14 титули и забележа само четири порази на 116 мечеви, што му го донесе епитетот Кралот на земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира