Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи младиот Чех Јакуб Меншик со 2:1 (6:7, 6:1, 6:4), иако првиот сет го загуби во тај-брејк во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај,
По победата, Ѓоковиќ изјави дека останал смирен по губењето на првиот сет, а во изјавата на теренот се осврна и на повлекувањето на Рафаел Надал.
Откако дозна дека тој е единствениот преостанат член на големата тројка и дека Рафаел Надал се пензионирал, Ѓоковиќ рече:
„Тој е мојот најголем ривал, нашето ривалство дефинитивно имаше најголемо влијание врз мојата кариера. Знаевме дека тој момент ќе дојде порано отколку подоцна, но сепак беше шок. Сè уште уживам во натпреварите, но дел од мене отиде со него. Тој е инспирација за милиони деца ширум светот, може да се гордее со својата кариера“, рече Ѓоковиќ.