НАДАЛ ОБЈАВИ ДЕКА ЈА ЗАВРШУВА ТЕНИСКАТА КАРИЕРА

    НАДАЛ ОБЈАВИ ДЕКА ЈА ЗАВРШУВА ТЕНИСКАТА КАРИЕРАНаречен „кралот на земјата“, Надал освои рекордни 14 титули на Ролан Гарос (Фото: Гети)

    Рафаел Надал и официјално потврди дека ќе се пензионира на крајот на сезоната, по 22 освоени гренд слем титули. Триесет и осумгодишниот Надал ќе го има последниот настап следниот месец, на финалето на Дејвис купот во Малага.

    Надал ретко играше во последните две сезони поради повреди и уште лани најави дека ќе се повлече на крајот на 2024.

    „Сакам да ве известам дека се повлекувам од професионалниот тенис. Реалноста е дека имав неколку тешки години, особено последните две. Мислам дека веќе не можам да играм без ограничувања“, кажа Надал во видеопорака.

    Тој се повлекува како вториот најтрофеен играч на гренд слем турнирите, зад Новак Ѓоковиќ. Наречен „кралот на земјата“, Надал освои рекордни 14 титули на Ролан Гарос, каде што забележа само четири порази на 116 мечеви. Има и четири титули од Ју-Ес опен и по две од Вимблдон и Отвореното првенство на Австралија.

    Со Шпанија пет пати славеше во Дејвис купот и освои олимписко злато и во поединечна конкуренција и во двојки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира