НАЈДОЛГОТО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ДОСЕГА СЕ ЗАТВОРА СО ФИНАЛЕТО ШПАНИЈА-АРГЕНТИНА, МАДОНА И ТОМ КРУЗ

    НАЈДОЛГОТО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ДОСЕГА СЕ ЗАТВОРА СО ФИНАЛЕТО ШПАНИЈА-АРГЕНТИНА, МАДОНА И ТОМ КРУЗШпанија ќе се бори за втората титула, a Аргентинa може да стане првата селекција која ја одбранила титулата од Бразил во 1962 (Фото: ДПА)

    Лео Меси ретко губи, Шпанија е во долга успешна серија. Така стојат работите пред вечерашното финале на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, што ќе биде кулминација на најдолгиот и најобемен фудбалски мундијал во историјата, прв со 48 учесници. Мечот ќе се игра пред 80.000 гледачи на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, со почеток во 21 часот по средноевропско време.

    Првпат во историјата, во финалето на СП се среќаваат актуелниот шампион на Европа и актуелниот шампион на Јужна Америка. Шпанија ќе се бори за втората титула, трикратниот првак Аргентина го игра седмото финале и може да стане првата селекција која ја одбранила титулата од Бразил во 1962 година.

    Ќе гледаме одлично шоу. Две големи репрезентации, два супертима, многу слични во некои аспекти, како во однос на ставот и талентот на фудбалерите. Мислам дека тоа ќе биде неверојатно финале“, изјави селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, чија селекција е непоразена 37 натпревари по ред.

    Има и заедничка историја во претстојното финале. Меси е роден во Аргентина, но дел од својата младост и поголемиот дел од клупската кариера ги помина во Шпанија и доколку сакал, би имал право да игра за неа. Шпанија се обидела да го убеди многупати, но Меси никогаш не се поколебал. Тој последен пат играл против Шпанија на пријателски натпревар во 2010.

    Се чинеше дека пред четири години во Катар ја има последната шанса да се закити со светска титула, но, сега 39-годишен, тој сè уште им пркоси на времето, противничките дефанзивци и веројатноста.

    Меси е најдобриот фудбалер што светот го видел. Тој е чиста историја, легенда“, вели селекторот на Аргентина, Лионел Скалони.

    И Шпанија ќе брка историја вечерва. Таа повторно може да ги обедини европската и светската титула, како во 2008 и 2010 и се смета за фаворит. Шпанија во ниеден момент не беше во резултатски заостаток на ова СП, за разлика од Аргентина, која беше во негатива повеќе од 100 минути.

    Аргентина е многу повеќе од Меси. Тие докажаа дека се многу комплетен тим со врвни играчи. Ние сме двата најдобри тима кои играат колективно како група. Секако, треба да бидеме свесни за Лео, но и за многу други играчи“, рече капитенот на Шпанија, Родри.

    Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинес, посака ова да биде финале што ќе остане запишано во историјата.

    Без разлика дали ќе има продолженија, мечот ќе биде подолг од вообичаено зашто паузата на полувремето ќе трае околу 25 минути поради музичкото шоу, чии ѕвезди ќе бидат Мадона, Шакира, Џастин Бибер и „Би-Ти-Ес“.

    Претходно, од 19:30 часот, е официјалната церемонија на затворање, на која ќе учествуваат Том Круз, Роби Вилијамс, Никол Шерцингер и Лаура Паузини, а Џенифер Хадсон ќе ја отпее американската химна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира