НАЈГОЛЕМ АПЛАУЗ НА ВИМБЛДОН ДОБИ ПРОФЕСОРКАТА САРА ГИЛБЕРТ КОЈА ЈА РАЗВИ ВАКЦИНАТА НА ОКСФОРД И „АСТРАЗЕНЕКА“

    НАЈГОЛЕМ АПЛАУЗ НА ВИМБЛДОН ДОБИ ПРОФЕСОРКАТА САРА ГИЛБЕРТ КОЈА ЈА РАЗВИ ВАКЦИНАТА НА ОКСФОРД И „АСТРАЗЕНЕКА“Професорката по вакцинологија Сара Гилберт денеска седеше во Кралската ложа на централниот терен на Вимблдон. (Фото: Твитер/принтскрин)

    Публиката на тенискиот турнир Вимблдон во Лондон денеска ѝ оддаде почит на Сара Гилберт, професорката од Универзитетот Оксфорд која го предводеше тимот зад вакцината против ковид-19 на Оксфорд и „АстраЗенека“. Кога официјалниот спикер соопшти дека професорката по вакцинологија е присутна во Кралската ложа на централниот терен пред мечот на Новак Ѓоковиќ и Џејк Дрејпер, публиката речиси една минута стоеше и аплаудираше.

    Минатата година Вимблдон не се одржа поради пандемијата на коронавирус. Годинава, навивачите треба да прикажат доказ дека примиле две дози од вакцина или негативен ПЦР тест за да присуствуваат на натпреварите. Од нив се бара да носат маски додека се движат наоколу, но можат да ги извадат додека го гледаат мечот на трибините.

    Ѓоковиќ победи со 4:6, 6:1, 6:2, 6:2 на мечот од првото коло.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира