НАЈВАЖНО Е ДА ДОЈДЕМЕ ВО СКОПЈЕ ПОДГОТВЕНИ, КАЖА ЗИДАН ПО ПОРАЗОТ ОД ЈУНАЈТЕД ВО САД

    НАЈВАЖНО Е ДА ДОЈДЕМЕ ВО СКОПЈЕ ПОДГОТВЕНИ, КАЖА ЗИДАН ПО ПОРАЗОТ ОД ЈУНАЈТЕД ВО САДТренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан на прес-конференција по мечот во Санта Клара, Калифорнија. (Фото: АС)

    Реал Мадрид ноќеска загуби од Манчестер Јунајтед на пенали во натпреварот од Меѓународниот куп на шампионите во САД, но тренерот на шпанскиот тим Зинедин Зидан кажа дека многу позначајно во моментов е подготовката за другиот меч со „црвените ѓаволи“, оној во Скопје на 8 август во Суперкупот на УЕФА.

    „Најважно за нас беше да почнеме да играме повторно, да се натпреваруваме повторно“, рече тој по мечот во Санта Клара, Калифорнија.
    „Се подготвуваме за 8 август, тоа е нашата цел во моментов, нашиот прв официјален натпревар. Сакаме да дојдеме на тој натпревар во најдобра можна форма и да се обидеме да го освоиме првиот трофеј во сезоната“.

    Натпреварот на стадионот „Ливај“ заврши 1:1 по 90 минути игра, откако Антони Марсијал му донесе водство на Јунајтед, а Касемиро израмни за мадриѓаните. На пенали, по многу промашувања на двете страни, англискиот тим победи со 2:1.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира