НАОМИ ОСАКА НАЈАВИ НОВА ПАУЗА ОД ТЕНИСОТ ПО РАНАТА ЕЛИМИНАЦИЈА ОД ЈУ-ЕС ОПЕН

    НАОМИ ОСАКА НАЈАВИ НОВА ПАУЗА ОД ТЕНИСОТ ПО РАНАТА ЕЛИМИНАЦИЈА ОД ЈУ-ЕС ОПЕНОсака се повлече од годинашниот Ролан Гарос, кога откри дека се бори со ментални проблеми (Фото: АП)

    Наоми Осака изјави дека ќе земе пауза од тенисот откако беше поразена во третото коло на Отвореното првенство на САД, на кој ја бранеше титулата. Светскиот рекет број три изгуби од 18-годишната Лејла Фернандез со 5;7, 7;6, 6:4.

    Ова следува откако Осака се повлече од годинашниот Ролан Гарос, кога откри дека се бори со ментални проблеми уште откако ја освои првата гренд слем титула во 2018. Таа потоа го пропушти Вимблдон и направи камбек на Олимписките игри во Токио, каде што го запали олимпискиот пламен на церемонијата на отворањето.

    „Дојдов до точката кога треба да размислам што сакам да правам. Искрено, не знам кога ќе го играм следниот тениски меч. Мислам дека ќе земам подолга пауза. Во последно време, кога победував, не бев среќна, туку повеќе чувствував олеснување. По поразите би била многу тажна. Мислам дека тоа не е нормално“, изјави 23-годишната Осака на прес-конференцијата по мечот, на која едвај ги задржуваше солзите.

    Наоми Осака, Јапонка која од тригодишна возраст живее во САД, стана тениска сензација кога во финалето на Ју-Ес опен во 2018 ја победи Серена Вилијамс. Потоа освои уште три гренд слем титули, вклучувајќи го Отвореното првенство на Австралија оваа година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира