НАПАЃАЧОТ НА ЛАЦИО ЧИРО ИМОБИЛЕ ПОЛЕСНО ПОВРЕДЕН ПО СУДИР СО ТРАМВАЈ

    НАПАЃАЧОТ НА ЛАЦИО ЧИРО ИМОБИЛЕ ПОЛЕСНО ПОВРЕДЕН ПО СУДИР СО ТРАМВАЈСпоред првични информации, трамвајот поминал на црвено и удрил во автомобилот на Имобиле, со кого биле и неговите две ќерки. (Фото: АГТВ/Твитер)

    Италијанскиот напаѓач Чиро Имобиле е во болница со повреди на грбот и ребрата откако неговиот автомобил се судри со трамвај во Рим.

    Неговиот клуб Лацио соопшти дека 33-годишниот фудбалер има повреда на рбетот и скршеница на ребро, но дека е во добра состојба.

    „Играчот останува под опсервација на одделот за итна помош под надзор на професорот Франческо Франчески на Универзитетската поликлиника Агостино Џемели во Рим“, соопшти римскиот клуб.

    Имобиле постигна гол за Лацио во победата од 3:0 против Специја во петокот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира