НАУМЧЕ МОЈСОСКИ СЕ ВРАЌА КАКО СПОНЗОР И ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО РК СТРУГА ПО 20 ГОДИНИ

    НАУМЧЕ МОЈСОСКИ СЕ ВРАЌА КАКО СПОНЗОР И ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО РК СТРУГА ПО 20 ГОДИНИНаумче Мојсоски беше избран за нов претседател на РК Струга на денешното редовно годишно собрание

    Македонската ракометна легенда Наумче Мојсоски се враќа во својот матичен клуб Струга по цели 20 години, но сега со план и амбиции да го извлече од позицијата во којашто не припаѓа, како еден од најголемите расадници на ракометни таленти кај нас.

    На редовното годишно собрание на клубот, тој беше избран на нов претседател, функцијата што официјално ќе ја преземе од понеделник, но, истовремено, ќе биде и негов главен спонзор.

    „Оваа идеја се разработуваше во последните шест-седум месеци и сега на собранието беше и официјализирана, па од понеделник почнуваме со работа. Освен претседател, јас, односно мојата фирма, ќе биде и главен спонзор на клубот, но ќе помогнат и некои други компании, со кои имам соработка“, вели Мојсоски.

    Клубот моментално се натпреварува во Првата лига, скалило подолу од елитната Суперлига.

    „Планираме во екипата да вратиме неколкумина струшки ракометари, кои моментално играат во други клубови и да избориме настап во Суперлигата, па за следната сезона амбициите ќе бидат и поголеми, вклучувајќи и ангажирање странци и бркање пласман во еврокуповите. Целта е да го вратиме клубот на некогашните позиции“, додаде Мојсоски.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира