НБА-ЛИГАТА ПРЕКИНАТА ОТКАКО КОШАРКАР НА ЈУТА ИМАЛ ПОЗИТИВЕН ТЕСТ НА КОРОНАВИРУС

    НБА-ЛИГАТА ПРЕКИНАТА ОТКАКО КОШАРКАР НА ЈУТА ИМАЛ ПОЗИТИВЕН ТЕСТ НА КОРОНАВИРУСЗаразениот играч наводно е Руди Гобер (лево) (Фото: АП)

    НБА соопшти дека сите натпревари во лигата се запрени на неодредено време откако кошаркар на Јута џез имал позитивен тест на коронавирус.

    Ова беше соопштено непосредно пред почетокот на средбата Јута-Оклахома тандер. Раководството на лигата додаде дека заразениот играч не бил на натпреварот, а според непотврдени информации, станува збор за Руди Гобер.

    „НБА ќе ја искористи оваа пауза за да ги утврди следните чекори во врска со пандемијата на КОВИД-19“, се вели во соопштението.

    Пред да се суспендира лигата целосно, Голден стејт вориорс требаше да игра пред празни трибини против Бруклин нетс.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари