НЕМАМ НАМЕРА ДА СЕ ТРКАМ СО ФЕДЕРЕР, ВЕЛИ НАДАЛ ПО 11. ТРИУМФ НА РОЛАН ГАРОС

    НЕМАМ НАМЕРА ДА СЕ ТРКАМ СО ФЕДЕРЕР, ВЕЛИ НАДАЛ ПО 11. ТРИУМФ НА РОЛАН ГАРОСНадал и Роже Федерер ги имаат освоено последните шест гренд слем турнири (Фото: Гети)

    Рафаел Надал вели дека би сакал да го надмине Роже Федерер во бројот на освоени гренд слем титули, откако вчера по 11. пат славеше на Ролан Гарос, но додава дека не е толку луд по овој рекорд.

    Шпанецот го победи Доминик Тим со 3:0 во сетови во финалето во Париз и сега има вкупно 17 гренд слем титули, три помалку од својот најголем ривал, но и три повеќе од Пит Сампрас, кој е трет на вечната листа.

    „Секако дека имам таква амбиција, но не можам цело време да мислам на повеќе“, изјави Надал.

    Иако 32-годишен, а Федерер четири години постар, двајцата ги имаат освоено последните шест гренд слем турнири, откако помладите ривали никако не успеваат да ги симнат од тронот. Федерер ги пропушти сите турнири на земја, со цел да се подготви за Вимблдон.

    „Не можеш да бидеш фрустриран ако некој има повеќе пари, поголема куќа или повеќе гренд слем титули од тебе. Никогаш не сум бил луд по такви рекорди. Би сакал да имам 20 титули како Роже или повеќе, но тоа не е нешто што ме води низ животот. И онака знам дека имам неверојатна кариера“, изјави Надал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира