Хари Кејн стана првиот англиски фудбалер кој ја освоил Златната топка по Мајкл Овен во 2001 година, откако беше прогласен за најдобар играч во светот на церемонија во Лондон. Триесет и тригодишниот напаѓач на Баерн Минхен е петтиот Англичанец кој ја освоил наградата, по Стенли Метјуз (1956), Боби Чарлтон (1966) и Кевин Киган (1978 и 1979).
Напаѓачот на Реал Мадрид и Франција, Килијан Мбапе, заврши втор, додека напаѓачот на Барселона и Шпанија, Ламин Јамал, беше трет.
„Не многу луѓе би помислиле, а можеби ни јас не би помислил, дека ќе стигнам дотука. Морав да поминам низ многу подеми и падови, особено на почетокот на мојата кариера. Никогаш не бев личност за која луѓето мислеа дека ќе биде суперѕвезда. Морав да чекам и да работам напорно, морав да покажам самодоверба и решителност. Мислам дека тоа ме приземји дури и кога стигнав на највисоко ниво, за да продолжам да се подобрувам“, изјави Кејн.
Тој ги освои првите трофеи во својата кариера дури откако премина од Тотенхем во Баерн во 2023.
Иако Англија беше трета на последното Светско првенство, Кејн го освои најпрестижното индивидуално признание во фидбалот благодарение на својот голгетерски учинок. Минатата сезона, тој постигна 61 гол на 51 натпревар за Баерн. Ако се додадат и головите за Англија, тоа се 73 голови на 65 мечеви.
Кејн е првиот играч на Баерн кој освоил Златна топка по Карл-Хајнц Румениге во 1981 година.



