Вардар изведе нов спектакуларен подвиг против Барселона и утре ќе игра во своето второ финале на Лигата на шампионите во Келн.
Македонскиот шампион славеше со 29:27 во второто полуфинале на Фајнл форот во Келн, откако во последните 15 минути од средбата успеа да се врати од мртвите и да надмине негатива од седум гола и да го повтори успехот од пред две години. Во утрешното финале, што се игра од 18 часот, Вардар го чека унгарски Веспрем, за кој настапува Дејан Манасков.
По рамноправни почетни десетина минути, Вардар постојано беше во неповолна позиција, што на полувремето беше изразено со негатива од седум голови. Сликата на теренот почна да се менува на десет минути до крајот, кога Вардар постепено ја намалуваше разликата и во 58. минута дури успеа да поведе со голот на Игор Карачиќ, кој притоа и се повреди.
Екипата која по утрешниот меч останува без главниот спонзор и без голем дел од играчите ќе има шанса да се прости со нова европска титула.