НОВАК ЃОКОВИЌ ДОБИ ЌЕРКА, СЕ ВИКА ТАРА

    НОВАК ЃОКОВИЌ ДОБИ ЌЕРКА, СЕ ВИКА ТАРАЈелена и Новак Ѓоковиќ на гала вечера на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ минатата година во Милано (Фото: АФП)

    Светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ (30) и неговата сопруга Јелена (31) синоќа добија ќерка, објавија сите српски медиуми, не соопштувајќи повеќе детали, освен дека жена му се породила доцна во сабота.

    Дванаесткратниот освојувач на гранд слем титулите и неговата жена на новороденото девојче му го дале името Тара.

    Ова е второ дете во семејството Ѓоковиќ. Тие се родители и на Стефан кој наскоро ќе наполни три години.

    Ѓоковиќ во моментов го пропушта турнирот Ју Ес Опен поради повреда на лактот. Првата честитка до Новак и Јелена преку твитер стаса синоќа околу полноќ токму од тимот на Ју Ес Опен.

    Тој се повлече за време на Вимблдон и се посвети на семејството и заздравувањето на повредата, јавија српските медиуми. Најави дека ќе паузира до крај на 2017 година и дека повторно ќе се врати на тениските терени во 2018 година.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари