ОЛИМПИСКА ШАМПИОНКА ОД ТОКИО ЌЕ ДОБИЕ НОВ МЕДАЛ ОТКАКО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НАГОЈА ГО ГРИЗНА

    ОЛИМПИСКА ШАМПИОНКА ОД ТОКИО ЌЕ ДОБИЕ НОВ МЕДАЛ ОТКАКО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НАГОЈА ГО ГРИЗНАПотегот на Такаши Кавамура беше опишан како нехигиенски и некултурен (Фото: Кјото)

    Олимписката шампионка во софтбол Миу Гото ќе добие нов златен медал откако градоначалникот на нејзиниот роден град Нагоја го гризна оној што го освои во Токио.

    Такаши Кавамура се соочи со жестоки критики на социјалните мрежи откако ја спушти маската за да го гризне медалот среде пандемијата. Од Меѓународниот олимписки комитет кажаа дека Гото ќе добие нов медал, додека Кавамура се извини и вети дека ќе плати за замената.

    Кавамура го стави медалот меѓу забите на церемонија на која беше прославена победата на Јапонките над САД во финалето на олимпискиот турнир во софтбол, што е женска верзија на бејзбол. Неговиот гест беше опишан како нехигиенски и некултурен кон Гото.

    „За момент заборавив дека сум градоначалник и се однесував на крајно непримерен начин“, изјави 72-годишниот Кавамура.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира