ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ОТВОРЕНИ СО СПЕКТАКЛ СО ОГНОМЕТИ И ДРОНОВИ НА ПРАЗНИОТ СТАДИОН ВО ТОКИО

    ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ОТВОРЕНИ СО СПЕКТАКЛ СО ОГНОМЕТИ И ДРОНОВИ НА ПРАЗНИОТ СТАДИОН ВО ТОКИОСтотици дронови летнаа над Олимпискиот стадион за да ја формираат планетата Земја (Фото: Твитер)

    Со задоцнување од 364 дена и во услови на сè уште присутната пандемија, Олимписките игри во Токио се отворија денеска со раскошни огномети, спектакл со дронови и со кореографија подготвена само за ТВ-гледачите, додека спортистите од 206 делегации продефилираа пред речиси празни трибини. Меѓу нив беше и Македонија, која оваа Олимпијада има нешто побројна селекција, па ќе ја претставуваат осуммина спортисти во седум спортови.

    Олимпискиот пламен на крајот на четиричасовната церемонија го запали тенисерката Наоми Осака.

    (Фото: Гети)

    Организаторите одржаа минута молчење во чест на сите починати од ковид-19, додека надвор од Олимпискиот стадион можеше да се слушне звукот на протестите против одржувањето на Игрите. Истражувањето на водечкиот весник „Асахи шимбун“ од мај покажа дека дури 80% од Јапонците сакаат ОИ да бидат одложени или откажани.

    (Фото: Гети)

    Отпоздравувањето на олимпијците кон празните трибини нагласи дека Токио ќе биде нешто невидено во олимписката историја. Организаторите претходно решија да нема гледачи, ни странски, ни домашни, а на пиедесталот, спортистите сами ќе си ги ставаат медалите околу врат и забрането им е да се гушкаат и поздравуваат.

    (Фото: Гети)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира