Рафаел Надал ја опиша 2017 година како една од најдобрите во неговата кариера откако ноќеска по трет пат освои Ју-Ес Опен. Светскиот рекет број еден го победи Кевин Андерсон во финалето со 6:3, 6:3, 6:4 и тоа беше неговата 16. гренд слем титула. Само Роже Федерер има повеќе од него – 19. Шпанскиот тенисер, исто така, во јуни го освои Ролан Гарос по рекорден 10. Пат, а на почетокот на годината загуби во финалето на Австралија Опен од Федерер.
„Од аспект на резултати, ова беше една од најдобрите сезони во мојата кариера, секако, Освојував титули, играв во три гренд слем финалиња, тоа е многу. Но, тешко е. На единствениот гренд слем на кој што не играв во финале, го загубив мечот со 15:13 во петтиот сет. На земја, победив на речиси секој меч“, кажа Надал по триумфот во Њујорк.
Од Вимбдлон во 2003 година, неверојатни 53 од 58 гренд слемови се освоени од само петмина тенисери: Федерер (19), Надал (16) Ѓоковиќ (12), Енди Мари (3), Вавринка (3). Само Енди Родик, Гастон Гаудио, Марат Сафин, Хуан Мартин дел Потро и Марин Чилиќ успеаја по еднаш да ја прекинат доминацијата на овие петмина тенисери.