ОВА БЕШЕ МАГИЧНА НОЌ, КАЖА НАДАЛ ПО ПОБЕДАТА НАД ЃОКОВИЌ НА РОЛАН ГАРОС

    ОВА БЕШЕ МАГИЧНА НОЌ, КАЖА НАДАЛ ПО ПОБЕДАТА НАД ЃОКОВИЌ НА РОЛАН ГАРОСНадал го продолжува патот кон 22. гренд слем титула (Фото: АП)

    Рафаел Надал уште еднаш покажа дека е најдобриот играч во историјата на Ролан Гарос откако го совлада Новак Ѓоковиќ во четиричасовниот четвртфинален дуел кој заврши 75 минути по полноќ. Петторангираниот Шпанец славеше со 6:2, 4:6, 6:2, 7:6 и неговиот следен противник на патот кон рекордната 22. гренд слем титула ќе биде Александер Зверев.

    Да се победи Новак овдека има само еден начин: да играш најдобро од првиот до последниот поен. Ова беше една од оние магични ноќи за мене“, изјави Надал.

    Тој му се одмазди на Ѓоковиќ за поразот во ланското полуфинале, негов само трет во 113 меча на Ролан Гарос. Ова беше нивниот 59. меѓусебен дуел и Надал сега има една победа повеќе (30-29).

    Надал покажа зошто е голем шампион. Нема сомнеж дека ја заслужи победата, беше подобриот играч во важните моменти“, кажа Ѓоковиќ.

    Поради повреда на реброто, Надал пропушти два месеца од сезоната по освојувањето на Отвореното првенство на Австралија во јануари. Тој ќе наполни 36 години оваа недела, а пред само три дена одигра пет сета против Феликс Ожер-Алијасим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира