Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо е разочаран што Горан Пандев не доби дозвола од неговиот клуб Џенова да допатува во Скопје за Суперкупот на УЕФА, но се надева дека се уште има можност со приватен авион да дојде на неколку часа за да го гледа утрешниот натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
„Горан Пандев е веројатно најдобриот играч во историјата на Македонија. Тој може да дојде на неколку часа само за натпреварот, но тоа зависи од Џенова“, изјави Мурињо на прес-конференцијата во Скопје.
Горан Пандев и Жозе Мурињо соработуваа во Интер, со кого ја освоија титулата во Лигата на шампиони во 2010 година.