ПАРИЗ И ЛОС АНЏЕЛЕС СИ ГИ ПОДЕЛИЈА ОЛИМПИЈАДИТЕ ВО 2024 И 2028 ГОДИНА

    ПАРИЗ И ЛОС АНЏЕЛЕС СИ ГИ ПОДЕЛИЈА ОЛИМПИЈАДИТЕ ВО 2024 И 2028 ГОДИНАОткако беше одбиен двапати за четири години, на Париз му се посреќи за 2024 (Фото: Гети)

    Париз ќе биде домаќин на Летните олимписки игри во 2024, а Лос Анџелес во 2028 година, објави Меѓународниот олимписки комитет (ИОЦ) на седницата на Извршниот комитет во Лима.

    Двата града конкурираа за Игрите во 2024, четири години по оние во Токио, пред да биде постигнат компромис, откако Лос Анџелес се согласи да почека уште четири години. Претходно, Хамбург, Рим и Будимпешта ги повлекоа своите кандидатури, со што трката невообичаено се сведе на само два града, па ИОЦ немаше многу дилеми.

    ИОЦ во јуни одлучи организаторите на двете олимпијади да бидат избрани во исто време.

    И Париз и Лос Анџелес веќе по двапати беа домаќини на ЛОИ: калифорнискиот град ги организираше во 1932 и 1984 година, а француската престолнина во 1900 и 1924 година, што значи дека чекаше цел век на трета можност, откако беше одбиен во 2008 и 2012 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира