Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах ги опиша Зимските олимписки игри во Пјонгчанг како „Игри на нови хоризонти“, по што на церемонијата на затворањето олимпиското знаме му беше предадено на Пекинг, домаќинот на следната Зимска олимпијада во 2022 година.
„На овие Игри вклучивме дисциплини кои се поблиски до новите генерации, дигиталната технологија овозможи тие да се следат на повеќе начини и донесовме рекордна бројка учесници. Затоа со право можам да кажам: Пјонгчанг 2018 се Игри на нови хоризонти и ние ги прифаќаме тие нови хоризонти. Ѝ благодариме на Јужна Кореја што организираше успешна Олимпијада во секој поглед“, изјави Бах.
Во Пјонгчанг беа испишани и некои нови страници на олимписката историја.
Нордиската скијачка Марит Бјерген освои уште пет медали и стана најтрофејниот спортист во историјата на зимските олимпијади со вкупно 15 медали.
Норвешките спортисти дома носат 39 медали, осум повеќе од Германија, со што го надминаа рекордот на Американците од Ванкувер 2010.