ПЕНДАРОВСКИ ОТИДЕ НА ТРЕНИНГ НА СВЕТСКИОТ ВИЦЕШАМПИОН ВО КАРАТЕ ЕМИЛ ПАВЛОВ

    ПЕНДАРОВСКИ ОТИДЕ НА ТРЕНИНГ НА СВЕТСКИОТ ВИЦЕШАМПИОН ВО КАРАТЕ ЕМИЛ ПАВЛОВПендаровски со Павлов и останатите каратисти на Штип (Фото: СДК.МК)

    Претседателот Стево Пендаровски отиде на тренинг на каратистите на Штип во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип и му честиташе на новиот светски вицешампион во карате Емил Павлов.

    „Попладнево само бевме информирани дека под посебни протоколи и без некоја посебна најава на нашиот редовен тренинг ќе присуствува и претседателот Стево Пендаровски, што за нас беше посебна чест и задоволство, меѓу другото и зашто ова е прва посета на еден македонски претседател на нашиот клуб. Тој му честиташе на Павлов на успехот што го оствари неодамна на Светското првенство во Дубаи, но честиташе и за последните успеси што нашите каратисти овој викенд ги остварија на Балканското првенство, од каде што се вратија со повеќе медали“, изјави тренерот на штипскиот клуб Сашко Арсовски.

    Младите каратисти на Штип пред Пендаровски изведоа повеќе вежби како дел од нивниот повеќечасовен тренинг, по што се фотографираа.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира