ПЕП ГВАРДИОЛА ПОД ИСТРАГА НА ШПАНСКИТЕ ВЛАСТИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОБУНА

    ПЕП ГВАРДИОЛА ПОД ИСТРАГА НА ШПАНСКИТЕ ВЛАСТИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОБУНАПеп Гвардиола беше еден од говорниците на маршот на поддржувачите на независна Каталонија на 11 јуни, кога прочита манифест (Фото: Шатерсток)

    Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, се наоѓа под истрага на шпанската полиција, откако јавно го поддржа каталонското движење за независност, јавуваат шпанските медиуми.

    Неколку каталонски лидери беа ставени во притвор откако Мадрид ја презеде власта во регионот по нелегалниот референдум за независност, што Гвардиола јавно го поддржа и притоа го осуди однесувањето на полицијата кон оние што сакаа да гласаат.

    Весникот „Ел Насионал“ објави дека името на Гвардиола се најде меѓу оние кои се под истрага за побуна против централната влада, откако го прочита манифестот за независност на маршот на 11 јуни годинава.

    „Манифестот беше прочитан од Хосеп Гвардиола и тоа го направи за да ги мобилизира сите поддржувачи на независноста на Каталонија“, се вели во изјавата на полицијата.

    Гвардиола тогаш пред масата кажа дека би гласал за независност на Каталонија, дури и кога Мадрид не би го сакал тоа.

    Гвардиола често го истакнува своето каталонско потекло и неодамна изјави дека затворањето на каталонските политичари е „страшно“.

    „Загрижен сум, затоа што она што ним им се случи може да се случи на секој кој ќе го каже своето мислење“, кажа Гвардиола, повикувајќи ги двете страни на дијалог.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира