ПИСМОТО ОД УЕФА ЗА СУПЕРКУПОТ БЕШЕ ПРЕПРАТЕНО ДО ВЛАДАТА СЕДУМ МИНУТИ ПО ПРИМАЊЕТО, РЕАГИРА ФФМ

    ПИСМОТО ОД УЕФА ЗА СУПЕРКУПОТ БЕШЕ ПРЕПРАТЕНО ДО ВЛАДАТА СЕДУМ МИНУТИ ПО ПРИМАЊЕТО, РЕАГИРА ФФМФудбалерот на Џенова Горан Пандев на 19 март беше промовиран во амбасадор на УЕФА Суперкупот, закажан за 8 август во Скопје. - Горан Пандев и претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски со пехарот од Суперкупот на „Филип Втори“ (Фото: Ѓ. Личовски)

    Фудбалската федерација на Македонија вели дека писмото од УЕФА со недостатоците на стадионот „Филип Втори“ за Суперкупот било препратено до Владата седум минути по примањето во реакцијата на денешната прес-конференција на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, кој кажа дека писмото патувало седум дена.

    „Како водечко фудбалско тело во државата ве информираме дека секој допис кој се однесува и е поврзан со организацијата на Супер Куп натпреварот го процесуираме до надлежните институции. Последниот, кој се споменува во медиумите е примен на 16. јуни, а по седум минути истиот ден, е препратен до одговорните лица задолжени за овој настан во Владата на РМ“, стои во реакцијата на ФФМ.

    Во однос на забелешките од УЕФА, од ФФМ велат дека доследно и навремено реагираат на сите забелешки кои што се однесуваат на нивниот дел од обврските.
    „Соработката со претставниците на УЕФА е постојана, а Фудбалската федерација на Македонија доследно и навремено реагира на сите забелешки кои се однесуваат на нашиот дел од обврските. На последната прес-конференција на која беа присутни претставници на УЕФА и претставници на клубовите финалисти, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, тоа и се потврди. На низа состаноци сите страни вклучени во проектот се запознаени со текот на подготовките, а исто така, инспекција на УЕФА беше присутна и на натпреварот Македонија-Шпанија, како еден вид генерална проба за Супер Куп натпреварот.

    Претходно денеска, генералниот секретар на Владата Драги Рашковски кажа дека писмото од УЕФА од 15 јуни со недостатоците на стадионот „Филип Втори“ за Суперкупот патувало седум дена од ФФМ до Владата и праша: „Што правела ФФМ сите овие седум дена, зошто не го праќала и дали навистина има искрени намери сето ова да се одржи или едноставно ги прави работите да изгледаат покомплицирани, за после тоа да се докажуваме чија била вината. Загубата ќе биде на цела Република Македонија, на хотелиерите, на угостителските објекти, на репутацијата на земјата итн., нема да биде само на Владата на Република Македонија“.

    УЕФА на 15 јуни испратила писмо до Фудбалската федерација во кое бара пишани и финансиски гаранции од македонската влада со кои што ќе потврди дека работата на стадионот „Филип Втори“ ќе биде комплетирана најдоцна до 21 јули за се да биде подготвено за Суперкупот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на 8 август. Во писмото, до кое што дојде САКАМДАКАЖАМ.МК, се наведени сите недостатоци на стадионот, кои што треба да бидат санирани до споменатиот датум, кога во Скопје ќе дојде инспекција на УЕФА.

    УЕФА БАРА ОД ВЛАДАТА ФИНАНСИСКИ ГАРАНЦИИ ДЕКА СТАДИОНОТ КЕ БИДЕ СПРЕМЕН ЗА РЕАЛ-МАНЧЕСТЕР ДО 21 ЈУЛИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира