ПЛАСМАНОТ НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ОДБЕЛЕЖАН СО ПОШТЕНСКА МАРКА

    ПЛАСМАНОТ НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ОДБЕЛЕЖАН СО ПОШТЕНСКА МАРКАМарката ќе се отпечати во 6.000 примероци (Фото: МИА)

    Пошта на Северна Македонија претстави поштенска марка со која се одбележува историскиот пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, до чиј почеток остануваат уште девет дена. Марката има номинална вредност од 181 денар и ќе се отпечати во 6.000 примероци.

    „Со оваа промоција им се заблагодаруваме на фудбалерите за радоста што ѝ ја приредија на целата држава и им посакуваме да постигнат уште поголеми успеси на Европското првенство. Ова е наш скромен придонес кон еден огромен успех и искрен подарок“, изјави директорот на Пошта, Јани Макрадули.

    Поради ковид протоколите, репрезентативците и селекторот Игор Ангеловски не беа во можност да присуствуваат на промоцијата. Тие вечерва играат пријателски натпревар со Словенија во Скопје.

    „Ќе се погрижиме секој од нив да добие примерок од марката“, рече Макрадули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира