ПО 12 ГОДИНИ ПАУЗА СЕ ОДРЖА ШАРПЛАНИНСКИОТ СКИЈАЧКИ КУП, БУГАРИНОТ СТОИЛОВ СИ ЗАМИНА СО ШАРПЛАНИНЧЕ

    ПО 12 ГОДИНИ ПАУЗА СЕ ОДРЖА ШАРПЛАНИНСКИОТ СКИЈАЧКИ КУП, БУГАРИНОТ СТОИЛОВ СИ ЗАМИНА СО ШАРПЛАНИНЧЕУчествуваа 37 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Грција, Косово и Кипар (Фото: СДК.МК)

    Попова Шапка два дена беше домаќин на 41. Шарпланински скијачки куп, најголемата и воедно најстара меѓународна скијачка манифестација во Македонија и на Балканот.

    Шарпланинскиот куп повторно се одржа по пауза од 12 години, а учествуваа 37 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Грција, Косово и Кипар.

    Севкупен победник за 2025 година е Константин Стоилов од Бугарија. Тој го освои првото место на сите четири трки во слалом одржани изминативе два дена, на второто место заврши неговиот сонародник Иван Главчев, а третото место во севкупниот пласман го делат Мирко Лазаревски од Македонија и Марко Семенџиев од Бугарија. 

    Во женска конкуренција, Лирика Дева од Косово го освои првото место, пред Миа Паул од Бугарија и македонската скијачка Ева Милевска.

    Првото место носеше награда од 1.000 евра, второто 700, а третото место 500 евра. И овојпат беше запазена традицијата, па севкупниот победник Стоилов доби и куче шарпланинец.

    Шарпланинскиот скијачки куп започна да се одржува во 1947 година, а во 1957 влезе во официјалниот календар на ФИС скијачки натпревари. Купот имаше неколку прекини во одржувањето, дел поради немање доволно снежна покривка, дел поради организациски слабости.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира