ПОЧИНА БОБИ ЧАРЛТОН, ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

    ПОЧИНА БОБИ ЧАРЛТОН, ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА СИТЕ ВРЕМИЊАБоби Чарлтон со пехарот од Светското првенство во 1966 година. (Фото: Алами)

    Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Манчестер јунајтед Боби Чарлтон почина денеска на 86 години, соопшти неговиот поранешен клуб.

    „Сер Боби беше херој за милиони, не само во Манчестер или во Велика Британија, туку и насекаде каде што се игра фудбал ширум светот“, кажаа од Манчестер јунајтед.

    Чарлтон одигра 758 натпревари за Јунајтед помеѓу 1956 до 1973 година. Тој играше покрај клупските легенди Џорџ Бест и Денис Ло и во 1968 година го предводеше Манчестер јунајтед до титулата европски шампион.

    Претходно, тој беше еден од најзаслужните играчи за титулата на Англија на Светското првенство на домашен терен во 1966 година. Чарлтон е еден од само деветте фудбалери кои имаат освоено Светско првенство, Лига на шампиони и Златна топка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира