ПОЧИНА ФУДБАЛСКАТА ЛЕГЕНДА КИРИЛ ДОЈЧИНОВСКИ

    ПОЧИНА ФУДБАЛСКАТА ЛЕГЕНДА КИРИЛ ДОЈЧИНОВСКИДојчиновски e првиот mакедонски фудбалер кој учествувал на едно светско првенство

    На 78 години почина еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Кирил Дојчиновски, објави Фудбалската федерација на Македонија.

    Дојчиновски ќе остане запишан како првиот Македонец кој учествувал на едно светско првенство, откако беше во составот на Југославија на Мундијалот во Западна Германија во 1974 година. Тој забележа вкупно шест настапи во репрезентативниот дрес.

    Роден во Скопје на 17 октомври 1943, Дојчиновски ја почнал кариерата во Вардар, за кој одиграл над 100 натпревари за период од четири години. Во 1967 премина во Црвена звезда, со која за седум сезони освои четири шампионски титули и два купа, а крајот на кариерата го дочека во Франција, каде што играше за Труа и Париз.

    Во долгогодишната тренерска кариера водеше бројни македонски екипи, а во два наврата беше и селектор на Ел Салвадор.

    Дојчиновски ќе биде погребан в петок, 12 август, од 10-11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира