ПОЧИНА КОШАРКАРСКАТА ЛЕГЕНДА ДАМИР ШОЛМАН

    ПОЧИНА КОШАРКАРСКАТА ЛЕГЕНДА ДАМИР ШОЛМАНШолман беше дел од најтрофејната генерација на југословенската кошарка (Фото: Пиксел)

    Еден од најтрофејните југословенски кошаркари на сите времиња Дамир Шолман почина на 74 години по долго боледување.

    Иако роден во Загреб, Шолман ја помина речиси целата кариера во дресот на Југопластика, со која двапати беше државен првак и останува најдобриот стрелец во историјата на клубот со постигнати 5.783 поени. Две години играше и во Италија, пред да се врати во Сплит, каде што ја заврши кариерата во 1983.

    Со репрезентацијата на СФРЈ освои две олимписки сребра (1968 и 1976), злато и сребро на светските првенства и две титули на европските првенства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира