Маријан Бенеш, еден од најуспешните југословенски боксери, почина во Бања Лука на 67-годишна возраст по долго и тешко боледување.
Во текот на кариерата, Бенеш четири пати беше шампион на Југославија, а потоа и европски првак и во аматерски и во професионален бокс. Во 1973 година, беше прогласен за најдобар спортист на Југославија, за потоа да се разболи од жолтица, што беше само почеток на неговите здравствени проблеми, кои го следеа низ животот.
Во легендите влезе со победата над Французинот Коен во преполната сала „Борик“ во Бања Лука во 1979 година, со што стана европски професионален шампион.
Од рингот се повлече во 1983 година, откако загуби око и 26 пати ги кршеше дланките, за потоа да преживее вистински пекол за време на војната во БиХ во 90-ите години, кога беше протеран од Бања Лука.