ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОШАРКАР ДРАЖЕН ДАЛИПАГИЌ

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОШАРКАР ДРАЖЕН ДАЛИПАГИЌДалипагиќ работеше како кошаркарски тренер во Србија, Италија и Македонија, а беше и спортски функционер во националниот тим и КК Партизан. (Фото: Икс)

    Легендарниот кошаркар Дражен „Праја“ Далипагиќ почина денеска во Белград по долго и тешко боледување. Имаше 73 години. Информацијата за смртта на официјалната страна ја објави и Партизан, клубот во кој Далипагиќ мина најголем дел од кариерата.

    Роден во Мостар на 27 ноември 1951, член на Куќата на славните и победник на најголемите натпреварувања на клупско и репрезентативно ниво, во Партизан дојде во 1971, каде што стана најдобар стрелец во клупската историја. По Далипагиќ, низ Партизан поминаа низа големи играчи и легенди на светската кошарка, но никој никогаш не се доближи до неговите 8.278 поени. Во Партизан играше од 1971 до 1980, како и во сезоната 1981/82, освои две титули (1976 и 1979), Купот на СФРЈ и два европски купа „Радивоје Кораќ“ во 1978 и 1979, а со југословенската репрезентација освои сè – беше олимписки, светски и европски шампион. Тој беше избран меѓу 50-те луѓе кои најмногу придонеле во Евролигата и меѓу кошаркар Дражен „Праја“ Далипагиќ 50-те најдобри играчи на ФИБА.

    Дражен Далипагиќ играше за југословенската репрезентација на Европските првенства во 1973, 1975, 1977, 1979, 1981, 1983, на Светските првенства во 1974, 1978, 1982, 1986 и на Олимписките игри во 1984, 1997. Одигра вкупно 243 натпревари од 1973 до 1986. Освои злато во 1978, сребро во 1974 и бронза во 1982 и 1986 година на ЕП, сребро во 1981 и бронза во 1979.

    Прогласен е за најдобар кошаркар на Европското првенство во 1977 и за најдобар кошаркар на Европа во 1977, 1978 и 1980. Покрај за Партизан, Дражен Далипагиќ настапуваше и за Реал Мадрид, Удине, Венеција, Верона и Црвена звезда каде ја заврши кариерата во 1991. Потоа работеше како кошаркарски тренер во Србија, Италија и Македонија, а беше и спортски функционер во националниот тим и КК Партизан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира