На 85 години синоќа почина Лазар Лечиќ, легендарниот тренер кој се смета за основополник на професионалната кошарка во Македонија, а значајна трага остави и во овој спорт во Грција.
Роден во Скопје на 30 јануари 1939, Лечиќ ја почнал играчката кариера во 1957 во Работнички, но по само неколку години преминал во тренери и во тоа улога извршил големо влијание врз развојот и подемот на кошарката на овие простори. Како тренер водел десетина клубови во Македонија и поранешна Југославија, како Работнички, Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина, МЗТ Скопје, но и грчки Арис.
Под негово водство, Работнички во 1975 година стигна до полуфиналето на европскиот Сапорта куп.
Од 1990 до 1992 беше тренер на Арис од Солун, со кој беше шампион на Грција. Тренерската кариера ја заврши во 2000 на клупата на Никол ферт од Гостивар.
Лечиќ беше дел и од југословенската репрезентација, при што како помошник на селекторот Жеравица го освои златото на Светското првенство во 1970.
Тој беше тренер на многу анегдоти и необични тренерски методи.
„Тој секогаш беше многу поразличен од сите нас, човек со многу страст и знаење, кој внесе многу живот во кошарката. Сите ние имаме голем идол во него“, кажа легендарниот грчки кошаркар Панајотис Јанакис на одбележувањето на 80. роденден на Лечиќ на свечен настан во „Александар палас“ во Скопје, кога дојдоа и бројни славни имиња од поранешна Југославија.