Денеска во Скопје, по кусо и тешко боледување на 76 години почина Димитрија Поповски – Шкипер, еден од најистакнатите тренери во македонското пливање.
Шкипер беше тренер на нашите најдобри пливачи, како Наташа Мешкоска, Александар Миладиновски, Александар Маленко и Весна Стојановска, со кои учествуваше на четири Олимпијади од 1992 до 2004 година.
Тој беше и последен селектор на југословенската пливачка репрезентација, а работеше и како Декан на Факултетот за спорт и физичка култура. Беше истакнат член на Македонскиот олимписки комитет, а претходно и пратеник во Собранието на Македонија.
Ќе биде погребан во понеделник на Градските гробишта во Бутел, во 11 часот.