ПОЛСКА ВРАТИ ШЕСТМИНА ПЛИВАЧИ ДОМА ОТКАКО ПО ГРЕШКА ГИ ИЗБРАЛА ПРЕМНОГУ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА

    ПОЛСКА ВРАТИ ШЕСТМИНА ПЛИВАЧИ ДОМА ОТКАКО ПО ГРЕШКА ГИ ИЗБРАЛА ПРЕМНОГУ ЗА ОЛИМПИЈАДАТАВодениот центар во Токио во кој од овој викенд ќе се одржуваат пливачките натпревари (Фото: Гети)

    Полска врати шестмина пливачи дома од Олимписките игри во Токио откако по грешка биле селектирани премногу. Во националниот тим првично влегле 23-ца пливачи, но бројот бил намален на 17 врз основа на квалификациските правила на Меѓународната пливачка федерација.

    Претседателот на Полската пливачка федерација, Павел Сломински, се извини и кажа дека го разбира гневот на оние кои морале да си одат дома.

    „Изразувам длабоко жалење, тага и огорченост поради ситуацијата. Грешката се случи поради желбата што е можно повеќе пливачи и тренери да бидат дел од Олимпијадата“, изјави Сломински.

    Меѓу оние кои мораа да си одат дома е Алисја Тхорц, која пливаше на ОИ во 2012 и 2016.

    „Замислете да посветите пет години од животот за најважниот спортски настан, да се откажете од приватниот живот и работата и тоа да заврши со ваков дебакл. Се надевам дека некој ќе ме разбуди од овој кошмар. Некој мора да понесе одговорност“, изјави Тхорц.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира