ПРВАТА ОЛИМПИСКА ШАМПИОНКА ОД ФИЛИПИНИ НАГРАДЕНА СО СТАН, КУЌИ И ДОЖИВОТЕН БЕСПЛАТЕН АВИОНСКИ БИЛЕТ

    ПРВАТА ОЛИМПИСКА ШАМПИОНКА ОД ФИЛИПИНИ НАГРАДЕНА СО СТАН, КУЌИ И ДОЖИВОТЕН БЕСПЛАТЕН АВИОНСКИ БИЛЕТХидилин Дијаз освои злато во кревање тегови (Фото: Гети)

    Хидилин Дијаз бесплатно ќе лета со авион цел живот откако ѝ го донесе првото олимписко злато на својата земја Филипини, на што се чекаше речиси еден век. Триесетгодишната кревачка на тегови испиша историја откако го освои златото во категоријата до 55 килограми, надградувајќи го својот успех од пред пет години во Рио, кога беше втора.

    Авиокомпанијата „ЕрЕјжа груп“, која лета кон повеќе од 140 дестинации, ја награди со доживотен бесплатен авионски билет.

    „Дијаз е инспирација за целиот филипински народ и чест ни е што ќе лета со нас“, изјави извршниот директор на „ЕрЕјжа“, Тони Фернандес.

    Дијаз исто така доби парична награда од 660.000 долари, стан и две куќи од филипинската влада и приватни компании.

    Филипини, држава со 109 милиони жители, дебитираше на Олимписките игри во 1924 година и претходно имаше освоено три сребра и седум бронзи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира