„ПРВИ НА ПРВИ“ НА ПЕЛИСТЕР БЕШЕ ПРВИОТ СПОРТСКИ НАСТАН ВО 2025, ИСКАЧУВАЊЕТО И ОГНОМЕНТОТ ВО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

    „ПРВИ НА ПРВИ“ НА ПЕЛИСТЕР БЕШЕ ПРВИОТ СПОРТСКИ НАСТАН ВО 2025, ИСКАЧУВАЊЕТО И ОГНОМЕНТОТ ВО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕИскачувањето се одвиваше со помош на факели и светилки во црвено-жолта боја (Фото: Олимпус Монс)

    Искусните планинари од планинарско-спортскиот клуб „Олимпус Монс“ ја организираа манифестацијата „Први на први“ по 14. пат и првото изгрејсонце во новата година го дочекаа на врвот Антена на Пелистер на надморска височина од 2.601 метар. Ова беше првиот спортски настан годинава на територијата на цела Европа. Тргнаа една минута по полноќ и за пет и пол часа се искачија на врвот, каде што во 6:58 часот го дочекаа првото изгрејсонце во 2025 година.

    Искачувањето се одвиваше со помош на факели и светилки во црвено-жолта боја, како што е македонското знаме, а и огнометот што го приредија на врвот ги имаше истите бои.

    Со истата магична убавина на првото изгрејсонце во новата година, од врвот Пелистер им посакувам на сите Македонци низ светот да им биде исполнет секој еден момент во годината која следи“, ја испрати пораката Иванчо Тошевски, искусен планинар, еден од иницијаторите на ваквиот новогодишен планинарски поход и од неодамна директор на Националниот парк „Пелистер“.

    Планинарскиот тим беше придружуван и од искусни планинари кои се искачувале на Хималаите, Горан Дамевски, Благица Владимировска и Зоки Штипски.

    Догодина ќе биде јубилејното 15. искачување, за кога се очекуваат и повеќе настани. Годинава, „Први на први“ беше дел од Зимската приказна, што ја организира Општина Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира