Машката ракометна репрезентација ја совлада Грција со 27:23 и како првопласирана во Група 3 ги заврши квалификациите за Европското првенство во 2020 година, што заеднички ќе го организираат Австрија, Норвешка и Шведска. Македонија на тој начин по шести пат ќе игра на европските првенства, пласирајќи се петти пат во низа.
Во Струмица, избраниците на Данило Брестовац ѝ се реваншираа на Грција за неочекуваниот пораз во Кожани во октомври, кој на крајот се покажа и единствен во овој квалификациски циклус, што Македонија го заврши со еден бод повеќе од второпласираниот Исланд.
Ждрепката на групите од Европското првенство, прво со 24 селекции, ќе се одржи во Виена на 28 јуни.