Македонската ракометна репрезентација загуби денеска од Црна Гора со 24:28 во второто коло од групата Е на Европското првенство во Унгарија.
По поразот од Словенија во првото коло, на избраниците на селекторот Кире Лазаров им останува уште дуелот со фаворитот во групата Данска в понеделник.
Мартин Велковски постигна шест гола за Македонија, а кај Црногорците, Милош Вујовиќ и Божо Анѓелиќ дадоа по шест гола. За играч на натпреварот беше прогласен голманот на Црна Гора Небојша Симиќ.