РАКОМЕТАРИТЕ СО ПОБЕДАТА НАД ЧИЛЕ СЕ ПЛАСИРАА ВО ВТОРАТА ФАЗА НА МУНДИЈАЛОТ ВО ЕГИПЕТ

    РАКОМЕТАРИТЕ СО ПОБЕДАТА НАД ЧИЛЕ СЕ ПЛАСИРАА ВО ВТОРАТА ФАЗА НА МУНДИЈАЛОТ ВО ЕГИПЕТВо продолжението на првенството, Македонија ќе игра против Белорусија, Русија и Словенија (Фото: ИХФ)

    Машката ракометна репрезентација си ја спаси честа и го продолжува престојот на Светското првенство во Египет, откако во последното коло од првата фаза го совлада директниот конкурент Чиле со 32:29.

    И покрај катастрофалните партии против Шведска и Египет, подмладениот тим на Македонија ја исполни својата основна цел и со елиминацијата на Чиле обезбеди место меѓу најдобрите 24 репрезентации.

    Во продолжението на првенството, Македонија ја чекаат натпревари против Белорусија, Русија и Словенија. Првиот меч е на програмата в среда.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира