РАКОМЕТАРИТЕ СО СИГУРНА ПОБЕДА НАД ЈАПОНИЈА ГО ПОЧНАА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ГЕРМАНИЈА

    РАКОМЕТАРИТЕ СО СИГУРНА ПОБЕДА НАД ЈАПОНИЈА ГО ПОЧНАА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ГЕРМАНИЈАМакедонија против Јапонија ја оствари 20. победа на светските првенства

    Машката ракометна репрезентација имаше победнички и сигурен старт на своето шесто светско првенство, чии домаќини се Германија и Данска.

    Во Минхен, Македонија не ѝ даде никаква шанса на Јапонија да се надева на изненадување и на крајот славеше убедлива победа од 38:29 (18:13), одржувајќи контрола врз натпреварот во текот на сите 60 минути.

    Капитенот Кире Лазаров беше прв стрелец во редовите на Македонија со осум погодоци, еден повеќе од Дејан Манасков, но значителен придонес за ваквиот развој на натпреварот имаше Борко Ристовски со 20 одбрани, од кои дури 12 во првите половина час.

    Следно на програмата за македонската репрезентација е дуелот со Бахреин, што се игра в недела од 14 часот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари