РАКОМЕТАРИТЕ СО УБЕДЛИВ ПОРАЗ ОД СЛОВЕНИЈА ЈА ПОЧНАА ВТОРАТА ФАЗА НА МУНДИЈАЛОТ ВО ЕГИПЕТ

    РАКОМЕТАРИТЕ СО УБЕДЛИВ ПОРАЗ ОД СЛОВЕНИЈА ЈА ПОЧНАА ВТОРАТА ФАЗА НА МУНДИЈАЛОТ ВО ЕГИПЕТМакедонија одигра рамноправно само 15 минути на почетокот на натпреварот (Фото: ИХФ)

    Македонските ракометари го забележаа третиот убедлив пораз на четири одиграни натпревари на Светското првенство во Египет, откако изгубија од Словенија со 31:21 на стартот на втората фаза.

    Македонија одигра рамноправни 15 минути на почетокот на натпреварот, а потоа Словенија почна постепено да создава разлика, па второто полувреме му понуди нова можност на селекторот Данило Брестовац да им даде поголема шанса на помладите репрезентативци.

    На следниот натпревар што е на програмата в петок, Македонија ќе се сретне со Русија, која на ова првенство настапува под името Руска ракометна федерација.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира